Mümin Altaş
08 Февруари 2017•Ажурирај: 08 Февруари 2017
АНКАРА (АА) – Директорот на американската Централна разузнавачка агенција ЦИА (CIA), Maјк Помпео, во својата прва посета на странска земја, утре ќе допатува во посета на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од претседателски извори, сојузништвото и блиската соработка биле во преден план во телефонскиот разговор меѓу турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп.
Во разговорот било истакнато дека во својата прва посета на странска држава, директорот на ЦИА, Помпео утре ќе ја посети Турција, и дека во тие рамки, тој со турските власти ќе разговара за повеќе точки од дневниот ред, меѓу кои ќе стане збор за ПЈД и за ФЕТО.