АНКАРА (АА) – Во САД, каде што претседателот Доналд Трамп го забрани влезот за државјаните на 7 муслимански држави, живеат многу лица кои имигрирале во државата, а подоцна имаат дадено голем придонес во науката, технологијата, економијата и во здравствениот сектор.
Одлуката на Трамп, која предизвика контроверзии и протести во САД и во целиот свет, повторно ги донесе на дневен ред имигрантите кои пред многу години се доселиле во Америка и дале значаен придонес.
Според информациите до кои дојде екипата на Аnadolu Аgency (AA), многу голем број имигранти во т.н. земја на можностите – САД, имаат направено значајни откритија во науката, економијата, здравството, технологијата, информатиката, а исто така има такви кои основале гигантски компании.
Основачот на американската информатичка компанија „Епл“, Стив Џобс, е син на Абдулфетах Џандали, кој имигрирал од Сирија во 20-тите години. Џобс во 1976, заедно со Стив Возниак и со Роналд Вејн ја основа компанијата „Епл“, која на светско ниво вработува околу 100.000 лица. Еден од основачите на компанијата за интернет услуги „Јаху“, Џери Јанд е роден во Тајван.
Компанијата што Јанд ја основаше заедно со својот пријател од Универзитетот „Станфорд“, Дејвид Фило, на светско ниво има 1 милијарда активни корисници. Еден од основачите на социјалната мрежа „Фејсбук“, Едуардо Саверин е роден во Бразил, а израснал во Мајами. Саверин дипломирал економија на Универзитетот „Харвард“, а за време на првите години од студирањето заедно со Марк Цукерберг ја формираа големата социјална мрежа „Фејсбук“.
Пазарната вредност на компанијата во 2016 година изнесуваше околу 355,6 милијарди долари.
Сергеј Брин, кој е соосновач на еден од најважните светски интернет пребарувачи „Гугл“, на петгодишна возраст со своето семејство се доселил во САД. Брин, кој има еврејско потекло, во 1998 година, додека ја работеше својата докторска програма на Универзитетот „Станфорд“, заедно со својот пријател Лери Пејџ го основаа „Гугл“.
Денес „Гугл“ и сестринските фирми имаат над 70 претставништва и канцеларии во повеќе од 40 држави. Компанијата обезбедува работно место за повеќе од 50.000 лица во различни држави низ светот. Преку „Гугл“, во период од 2 секунди се прават повеќе од милион пребарувања на интернет. Еден од основачите на платформата за споделување видеа „Јутјуб“ е Германецот со потекло од Бангладеш Џавед Карим.
Компанијата којашто во 2005 година ја основаа поранешните вработени во ПејПал, Стив Чен, Чад Хурли и Карим, пред одредено време беше купена од страна на „Гугл“. - 35 проценти од имигрантите направија иновации Имигрантите во Америка придонесоа не само во информатиката и во технологијата, туку и во другите науки. Повеќе имигранти, меѓу кои и турскиот научник Азиз Санџар, добитник на Нобелова награда, придонесуваат во светот на науката со различни студии и истражувања во различни области.
Според истражувањето од 2016 година, 6.400 лица кои работат во Фондацијата за информации, технологија и иновативност со седиште во Вашингтон и научниците-истражувачи кои работат на полето на природните науки, односно 35,5 проценти од нив се родени надвор од САД.
Според истражувањето, 10 проценти од научниците имаат еден родител странец, додека пак, 17 проценти не се државјани на САД. Имигрантите сочинуваат 13,5 проценти од населението во САД, а процентуалната застапеност на имигрантите меѓу најважните имиња во иновативноста е 35 отсто.
- Доселеници – добитници на Нобелова награда
Минатата година, една од најпрестижните награди, Нобеловата награда на полето од економијата, медицината, хемијата и физијата ја добија доселеници кои дошле во САД за да студираат. На полето економија, Нобеловата награда ја освои Финецот Бенгт Холстром, на полето медицина, Јапонецот Јошинори Охсуми, покажувајќи го придонесот на доселениците во науката.
Националната фондација за американската политика изработи истражување според кое од 2000 година досега, 40 отсто од Американците добитници на Нобеловата награда на полето на хемија, медицина и физика се имигранти. Во периодот од 1901 до 1959 година, во истите научни области, 25 имигранти добија Нобелова награда во САД, бројка што во перидот 1960 – 2016 се зголеми за повеќе од трипати и изнесува 79 имигранти.
Во 1999 година, на полето на хемијата, Нобеловата награда ја доби Ахмед Х. Зеваи, кој е првиот Египќанец добитник на оваа награда. Во 1995 година, Нобелова награда за хемија доби Мексиканецот Марио Молина, додека во 2015 година повторно на полето хемија, Нобеловата награда ја тоби Турчинот Азиз Санџар.
- Имигрантите поседуваат 25 отсто од претпријатијата
Според истражувањето на Националната фондација за американска политика, имигрантите се сопственици на повеќе од 25 отсто од претпријатијата во САД. Во овие претпријатија работат 10 отсто од Американците.
Претпријатијата во 2011 година оствариле приход од 775 милијарди долари. Истражувањето покажува дека доселениците ги имаат формирано 51 отсто од милионските компании во САД, во кои во просек работат 760 лица. Според истражувањето на „Форбс“, од страна на имигрантите се формирани 40 отсто од најголемите 500 компании, кои во 2010 година оствариле приход од 4,2 трилиони долари.
- Придонесот на доселениците
По 1971 година, во САД пристигнал професор д-р Азиз Санџар, кој во моментов работи на одделот за биохемија и биофизика на Универзитетот „Северна Каролина“. Тој за својот труд за поправка на оштетената ДНК на клетките и за заштита на генетските информации, во 2015 година доби Нобелова награда за хемија.
Проф. д-р Санџар има објавено 33 книги и околу 300 научни трудови. Карл Џераси, пронаоѓач на таблетите за контрацепција, е Евреин кој за време на Втората светска војна од Австралија имигрира во Америка.
Во тој период ѝ напишал писмо на „Првата дама на САД”, Елеонор Рузвелт и добил стипендија за студии на Универзитет. Младиот Германец Клаус Шмигел имигрира во САД и дава значаен придонес во откривањето на антидепресивот „Прозак“. Нигериецот Филип Емегвали е познат како „основач на интернетот“ и „создавач на најбрзиот компјутер“. Емегвали добива стипендија на Универзитетот „Орегон“ и е познат под прекарот „Африкански Бил Гејтс“.
Индиецот Анкит Агарвал успеа да создаде кожа во лабораториски услови, којашто стана надеж за 2,1 милион болни кои се лекуваат од изгореници. Агарвал, кој 10 години работи со најголемите научници, беше изјавил дека имал сериозни проблеми во обезбедувањето престој и работна виза во САД.
Во 1996 година, списанието „Тајм“ за „Човек на годината“ го избра Тајванецот Дејвид Хо, кој е дипломец на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Харвард“. Хо работи на полето на вирусот СИДА, и внесе надеж дека еден ден овој вирус ќе биде уништен. Унгарецот Чарлс Симонји е човекот што ги разви програмите Мајкрософт ворд и ексел.
Симонји пристигнал во САД на 19-годишна возраст и по завршувањето на образованието се вработува во „Мајкрософт“, каде што благодарение на неговите откритија, денес овие програми ги користат повеќе од 1 милијарда луѓе. Германецот Ралф Баер влезе во историјата како пронаоѓач на првата играчка конзола.
Во 1938 година, негово семејство поради геноцидот врз евреите пребегнува во САД.
Благодарение на пронајдокот на овој инженер, денеска во светот на видео-игрите е создаден пазар вреден 91 милијарда долари. Скенерот за дијагностицирање на рак, ПЕТ е изум на ерменскиот имигрант Михаел Тер-Погосјан.
Телевизорите со висока резолуција се изум на Ву Пајк, имигрант по потекло од Јужна Кореја, кој во САД доаѓа како студент и докторира на Универизитетот „МИТ“. Хозе Хернандез, дете од семејство на земјоделци, и покрај тоа што до 12 години не го зборувал англискиот јазик, магистрира електроинженерство и компјутерско инженерство.
По магистратурата, тој го оствари својот сон да биде астроном. Хернандез патуваше и во вселената, и ја формираше фондацијата „Достигнување до ѕвездите“.
news_share_descriptionsubscription_contact
