БАКУ (АА) - Спасувачките екипи пронајдоа едно беживотно тело на еден од работниците и продолжуваат со потрагата по уште 29 работници исчезнати по вчерашниот пожар на нафтената платформа на азејрбеџанската компанија SOCAR во Каспиското Море, јавува Anadolu Agency (AA).
„Од платформата се спасени 33 работници, безживотното тело на едниот работник е пронајдено, а и понатаму трагаме по преостанатите 29 исчезнати работници на платформата“, изјави заменикот директор на компанијата SOCAR, Хошбахт Јусифжаде на конференцијата за новинари утринава.
Истакнувајќи дека големото невреме ја отежнува работата на спасувачките екипи и противпожарната екипа, Јусифжаде рече дека силниот ветар дува веќе непрекинато 27 часа и висината на брановите на море кај платформата вчера достигнале и десет метри.
„Една гасоводна цевка не ги издржа брановите и пукна. На платформата се изгасија сите светла. Некои работници се изгубија во мракот, но најголем број сепак дојдоа до чамците. Поради големите бранови чамците не можеа да се спуштат во морето, ниту пак можеа спасувачките чамци да се приближат до платформата. Синоќа во 22.30 часот ги пресекоа јажињата и чамците со работниците паднаа во морето. Имаа елеци за спасување, но беше тешко да се најдат во темнината и немирното море“, изјави Јусифжаде.
Нагласувајќи дека трае потрагата по уште 19 исчезнати работници, Јусифжаде рече веројатноста дека ја преживеале ноќта е мала, но дека чудата се можни и дека не смеат да се прогласат за мртви додека не се пронајдат нивните тела.
Станува збор за платформа која има 28 извори и тоа 2 нафтоносни и четири извори на природен гас. Изградена е во 1984 година и дневно произведува 1 милион метри кубни гас и 900 тони нафта. Векот на траење ѝ е 50 години.
Јусифжаде рече дека во тек е истрагата за причините за избивање на пожарот на платформата, но дека имаат мала веројатност тврдењата за наводна саботажа.
Додека противпожарните екипи се обидуваат да го угаснат пожарот, голем број на чамци како и четири хеликоптери и понатаму трагаат по исчезнатите, а надлежните институции на соседните Русија, Иран и Казахстан се предупредени дека телата на исчезнатите може да стигнат до нивните брегови.
На конференцијата за новинари прикажани се и снимки од пожарот на платформата.
news_share_descriptionsubscription_contact
