Ayşe Sümeyra Aydoğdu
11 Февруари 2016•Ажурирај: 11 Февруари 2016
КАИРО (АА) - Во железничката несреќа што се случи во утринските часови на подрачјето на египетскиот град Бени Сувејф нема загинати, а повредени се 70 патници, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на болницата во Бени Сувејф, Џемал ал-Џевхери, за АА изјави дека возот излетал од шините, удрил во бетонски ѕид и се превртел. Нема смртно настрадани а повредени се 70 патници.
Очевидци наведуваат дека е избегната поголема катастрофа бидејќи возот, со оглед на тоа дека во моментот се наоѓал во близина на железничката станица, ја намалил брзината. Махмуд ел-Асири, еден од здравствените работници за претставниците на медиумите наведе дека машиновозачот е хоспитализиран.
Според првичните податоци, причина за несреќата е неприлагодената брзина при влегувањето во кругот на железничката станица. Меѓутоа, одредени податоци говорат дека контролната кула не одговорила на повикот на машиновозачот.
Најголемата железничка несреќа во Египет се случи во 2002 година кога загинаа 363 патници.