Abdullah Yıldiz
04 Јануари 2016•Ажурирај: 05 Јануари 2016
КИРШЕХИР (АА) - Како последица од падот на патничкиот автобус во градот Kиршехир на Турција, според првичните податоци, се дознава дека 5 лица загинаа, а над 20 други се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации се дознава дека поради интензивните врнежи од снег и присуството на мраз на улиците, патнички автобус доживеал несреќа превртувајќи се надвор од патот.
По несреќата во регионот биле испратени тимовите од Управата за елементарни непогоди и итни состојби при Владата (АФАД), екипи на итната медицинска помош, како и тимовите на жандармеријата и полицијата.
Според првичните информации во несреќата загинаа 5 лица, а беа повредени над 20, кои од страна на брзата помош се испратени на лекување во Универзитетската болница "Ахи Eвран".