Zafer Fatih Beyaz
16 Јануари 2019•Ажурирај: 16 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ја прими во Анкара претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган со најголеми државни почести ја прими хрватската претседателка во Претседателската палата, каде што беа интонирани националните химни на Турција и Хрватска.
Грабар-Китаровиќ со турскиот поздрав „merhaba asker“ ги поздрави построените почесни гардисти, а потоа во придружба на турскиот колега Ердоган влезе во палатата.

По билатералните средби е најавено и заедничко обраќање пред новинарите.
Ердоган вечерва во чест на својата гостинка Колинда Грабар-Китаровиќ ќе приреди и почесна вечера.