Selma Kasap
30 Август 2018•Ажурирај: 31 Август 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Анкара порача дека денешна Турција е многу посилна од онаа пред 20 години, јавува Anadolu Agency (AA).
„Денешна Турција е многу посилна, попросперитетна и поспособна од онаа Турција пред 20 години. Турција утре ќе биде многу посилна и многу поспособна земја“, порача Ердоган.
Турскиот претседател нагласи дека никој нема да може да му застане на патот на напредокот на силната Турција.
„Нема да можат да ја запрат силната и голема Турција. Кога ќе помислат дека по илјадити пат нѐ собориле на колена, ние по илјадити пат ќе станеме на нозе и ќе продолжиме понатаму“, рече Ердоган.
Тој истакна дека на Турција ѝ е потребна војска која на најдобар начин ќе ја брани државата и народот. „На Турција ѝ требаат војска и човечки капацитет кој на најдобар начин ќе ја брани државата и народот, а не оние што постојано ќе произведуваат удари и воени хунти“, изјави Ердоган.