Mehmet Tosun
30 Март 2021•Ажурирај: 31 Март 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Турција, по завршените активности на домашната вакцина против коронавирусот, планира по најповолни услови да ја направи вакцината достапна за целото човештво, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган во видеопораката што ја испрати на онлајн состанокот за развојот по Ковид-19, што е организиран од страна на Обединетите нации, зборуваше за пандемијата, вакцината и за неправедниот пристап до вакцината.
Турскиот претседател напомена дека коронавирусот покажал дека судбината на целото човештво е заедничка пред глобалните проблеми и дека Турција од самиот почеток на пандемијата повикала на заедничка борба и солидарност.
Тој потсети дека Турција за време на пандемијата пружила поддршка и испратила медицинска помош во 157 земји и 12 меѓународни институции.
„Во овие тешки денови не ги оставивме сами своите браќа во Африка. Во периодот од 2009 до 2019 година само за најразвиените земји пруживме помош во износ од над 2,5 милијарди долари. Ковид-19 уште еднаш ја откри нееднаквоста во глобалниот систем на кој укажуваме преку сите платформи. Глобалната пандемија, која дури и најбогатите земји ги затекна неподготвени, предизвика сериозни загуби посебно во неразвиените земји. Неправедноста стана повоочлива за време на пандемијата, а прашањето за вакцинацијата достигна опасни размери. Во речиси 100 земји вакцините сè уште не беа достапни. Загрижувачки е што милијарди луѓе не дошле ни до првата доза, а постојат земји кои го вакцинираа речиси целото население. Без праведен пристап до вакцината нема крај на пандемијата ниту економско закрепнување“, изјави Ердоган.
Порача дека земјите кои поседуваат повеќе вакцини отколку што е потребно за имунизација на населението, треба да го дадат вишокот вакцини на земјите на кои им е потребна помош.