Nilay Kar
04 Јули 2017•Ажурирај: 04 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и британската премиерка Тереза Меј вчера телефонски дискутираа во врска со билатералните односи и за регионалните прашања, влучувајќи ги и преговорите за Кипар, се вели од кабинетот на турскиот претседател, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ердоган и Меј ја нагласија важноста за постигнување на фер, трајно и сеопфатно решение за двете страни, надминувајќи ја безизлезната состојба во преговорите за Кипар“, вели анонимниот извор.
ОН бара мировен договор за обединување на Кипар во федерација, што исто така може да ја дефинира иднината на односите меѓу Европа и Турција, која е клучен играч во конфликтот.
Источниот медитерански остров е поделен уште од 1974 година, кога државниот удар на кипарските Грци беше проследен со насилство врз Турците на островот, и интервенција на Анкара како земја-гарант.
Двајцата лидери исто така ја потврдија и својата одлучност во унапредувањето на билатералните односи, особено на економските односи и одбранбената индустрија. Тие исто така решија да ја зајакнат соработката во борбата против тероризмот.
„Меј, исто така, ги осуди и неодамнешните убиства на личности од турската владејачка Партија за правда и развој (АК Партија) во земјата и изрази сочуство до турскиот претседател Ердоган“, додава изворот.
Во изјавата од нејзината канцеларија, дадена по електронски пат, се вели: „Премиерката изрази сочувство за убиството на колегите од партијата на претседателот (АК Партија) во југоисточниот дел на Турција оваа година“.
„Тие се согласија дека овој вид на бруталност само ја зајакнува решителноста да работат заедно во справувањето со тероризмот, и истакна дека спротивставувањето на екстремизмот ќе биде клучна тема за дискусија на самитот на Г20 оваа недела во Хамбург“.