İlkay Guder
30 Август 2017•Ажурирај: 30 Август 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес телефонски разговарал со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, во врска со случувањата во Мјанмар, каде што муслиманите во подрачјето на Аракан се изложени на масакр и прогон, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган му порачал на генералниот секретар Гутереш дека ОН мора под итно да реагира во кризата што се случува во Мјанмар, со цел таа да не биде уште повеќе продлабочена. Претседателот на Турција го нагласи значењето на меѓународната заедница во решавањето на кризата во Мјанмар, додавајќи дека од витално значење е дејствувањето на меѓународната заедница во насока на изнаоѓање решение.
Тој истакна дека мора да бидат искористени сите механизми, со цел да се изврши притисок врз мјанмарската власт, и додаде дека Турција е подготвена да направи и повеќе отколку досега, со цел испорака на хуманитарна помош до загрозените жители на Аракан.
Генералниот секретар на ОН, Гутереш, му се забрагодарил на претседателот Ердоган за неговата посветеност, информирајќи го околу контактите што ги остварил со цел да се стави крај на човечката криза којашто предизвикува загриженост во регионот.
Вооружените сили на Мјанмар и будистичките свештеници продолжуваат со нападите на муслиманите во Аракан, Мјанмар. Припадниците на безбедносните сили ги палат селата на муслиманите кои ги напуштија своите домови поради насилството и масакрот што се извршува над нив. Во нападите се убиени голем број муслимани. Голем број организации за заштита на човечките права, меѓу кои и „Amnesty International“ (Амнести интернешнал), масакрите во Аракан ги нарекуваат геноцид, а пораки на осуда пристигаат од сите страни на светот.
Портпаролката на Европскиот совет за Рохинџа муслиманите, Анита Шуг, во понеделникот изјави дека во нападите што мјанмарската војска ги изведе во период од три дена, убиени се меѓу 2.000 и 3.000 муислимани во Аракан.
Според усвоениот закон во Мјанмар од 1982 година, араканските муслимани го загубија правото на државјанство и се сметаат за „народ без држава“. Обединетите нации (ОН) усвоија разолуција според којашто араканските муслимани се „верско малцинство кое е малтретирано и кое е цел на прогон“. Покрај тоа што е жртва на насилство, оваа популација е жртва и на правна, економска и социјална дискриминација.