Halil Fidan
30 Август 2017•Ажурирај: 31 Август 2017
ШАНЛИУРФА (АА) - ХАЛИЛ ФИДАН
Сириските Курди кои поради судирите во 2014 година го напуштија Кобани и засолниште побараа во бегалската населба во Шанлиурфа, Турција, копнеат по бајрамите и обичаите со семејствата во сопствениот дом, во кој не можат да се вратат поради притисокот на ПЈД, сирискиот огранок на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Речиси 30.000 сириски Курди, меѓу нив и голем број жени и деца, кои пред три години побегнаа поради судирите меѓу терористичките оранизации ДЕАШ и ПЈД, живеат во бегалскиот камп на Управата за вонредни состојби при турската Влада (АФАД) во Суруч.
Семејствата кои ги преживеаја тортурите на војната ги вршат предбајрамските подготовки, а за ваквата можност ѝ се благодарни на Турција.
Иако нема судири на споменатото подрачје, поради притисокот на ПЈД, кој е сириски огранок на терористичката организација ПКК, бегалците не можат да се вратат дома, па со самото тоа не можат ни да ги извршат верските обреди во домот.
Абдулкадир Мухамед изјави дека има три деца со посебни потреби, а деветчленото семејство живее во два шатора.
И покрај сите можности и погодности што ги имаат во Турција, бегалците копнеат да се вратат дома.
„Кога започнаа судирите, дојдовме во Турција, а кога ДЕАШ се повлече, се вративме. Меѓутоа, таму животот беше невозможен. Немаше ништо, куќите беа срамнети со земја, се вршат притисоци. Поради тоа се вративме во Турција“, изјави Мухамед.
Тој додаде дека пред војната задолжително колеле курбан за бајрам, а веќе две години не се во можност да го сторат тоа.
Мерјем Џедан (68) живее со двете внучиња кои останале без мајка и татко. Таа изјави дека пред војната живеела среќно со семејството во селото Берботан кај Кобани.
Со солзи во очите таа изјави дека по војната со ќерката побегнала во Турција, а нејзиниот син, снаата и внуците останале во Сирија.
„Кога терористите го нападнаа нашето село, усмртија десетици лица, меѓу кои синот, снаата и вкнукот. Две внучиња беа ранети. Подоцна ги донесоа во Турција и сега се грижам за нив“, изјави Џедан.
Таа додаде дека нејзина единствена цел е децата да не ја почуствуваат таа болна ситуација бидејќи се многу мали.
„Тука имаме сѐ од материјална страна, но ние сакаме да се вратиме во својата куќа и да ги посетиме гробовите на нашите блиски. Колку години веќе не можеме да заколеме курбан, но ако се вратам дома пред да умрам, сигурно ќе заколам“, додаде таа.