Hülya Çorakçı Ertan
21 Јули 2017•Ажурирај: 22 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул изјави дека не е покрената истрага против било која германска фирма во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Го повикав министерот за внатрешни работи, шефот на разузнавачката служба и прашав за наводните истраги. Ми одговорија дека не е покрената ниту една истрага против некоја германска фирма и дека наводите во таа насока се неосновани и лажни", рече Ердоган.
Турскиот претседател рече дека никој нема да може да го наруши угледот на Турција која остварува напредок и покрај фактот дека се наоѓа во регионот во кој со години траат оружените судири.