Muhammed Boztepe
21 Јули 2017•Ажурирај: 22 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку 54 припадници на терористичката организација ПКК беа неутрализирани во текот на акцијата на турските безбедносни сили во последните седум дена во источниот дел на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералштабот на турската војска наведени се информации за активностите на турските безбедносни сили во последните седум дена, од 13 до 20 јули, а беше соопштено и дека се спроведени активности против ПКК во градовите Мардин, Хакќари, Дијарбакир, Ерзурум, Ван и во Сирт.
Во текот на опсежните акции беа неутрализирани 54 терористи, а меѓу нив има и такви за кои се издадени налози за апсење.
Во акциите животот го изгуби еден војник, а 26 се повредени.
За време на воената интервенција во северниот дел на Сирија, спроведена од страна на Слободната сириска армија, во областа меѓу Азазел и Џарабулус под контрола е ставена површина од 2.015 квадратни километри.
Сѐ уште траат акциите за чистење на ослободената територија околу Ал-Баб од експлозивни направи и мини.
ПКК е на листата на терористички организации во Турција, Европската Унија и во Соединетите Американски Држави (САД).