Fatih Hafız Mehmet
07 Ноември 2018•Ажурирај: 08 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека домашното производство во здравствениот сектор е исто толку важно колку и во одбранбениот сектор, јавува Anadolu Agency (AA).
„На Турција ѝ е потребна брза национализација и локализација во здравствениот сектор“, рече Ердоган, говорејќи на церемонијата на отворање на академската година на Универзитетот за здравствени науки во Анкара.
Ердоган изјави дека Турција треба да произведе сопствена томографија, ултрасонографија и машини за магнетна резонанција (MRI), додавајќи дека земјата има човечки капитал за тоа.
„Ние сега покануваме (водечки) компании од меѓународната заедница за заедничко производство во нашата земја и за тоа постојат позитивни пристапи“, изјави Ердоган.
Тој изјави дека локализацијата на здравствениот сектор е важна и критична, исто како онаа во одбраната.
Ердоган, исто така изјави дека градските болници на Турција ќе помогнат во тоа нацијата да оди напред во здравствениот туризам.