Serhat Zafer,Merve Topuz
01 Август 2018•Ажурирај: 02 Август 2018
СИВАС (AA) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган присуствуваше на погребот на Нурџан Каракаја (25) и нејзиното 11-месечно бебе Мустафа Бедирхан кои се убиени во вчерашниот терористички напад на југоистокот на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Погребот на убиените во нападот терористи на ПКК, извршен е во Сивас, а турскиот претседател Ердоган рече дека јавноста уште еднаш можела да го види вистинското лице на злобната терористичка организација ПКК.
„Уште еднаш видовме колку таа сепаратистичка организација е подла и зла. Тоа се убијци на детето и убијци на нашата сестра", рече Ердоган.
Тој порача дека Турција решително ќе ја продолжи борбата против сите терористички организации, вклучувајќи ја и ПКК, ФЕТО и ДЕАШ.
Исто така порача дека како претседател на државата ќе одобри воведување на смртната казна во Турција , ако претходно тоа го изгласа Парламентот.
На погребот во местото Саркисла во Сивас присуствуваа неколку илјади луѓе, а турскиот претседател Ердоган изрази сочуство на турскиот војник Серкан Каракаја чија сопруга и бебе денеска беа погребани.
На погребот присуствуваа и турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за одбрана Хулуси Акар и министерката за труд, социјална грижа и семејство, Зехра Зумрут Селџук.