İlkay Güder
25 Мај 2018•Ажурирај: 26 Мај 2018
АНКАРА - Во акции во изминатите седум дена, во југоисточниот дел на Турција и северен Ирак неутрализирани се 49 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Генералштабот на Турската војска е соопштено дека во периодот од 18 до 24 мај неутрализирани се 49 терористи, а запленето е и големо количество оружје и муниција. Акциите се спроведени во Дијарбакир, Мардин и Сирт во југоисточниот дел на Турција и во северен Ирак.
Соопштено е дека во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, на подрачјето на сирискиот Африн неутрализирани се вкупно 4.474 терористи.
Во тек се акции за пронаоѓање на преостанатите бојни средства и деминирање на подрачјето на Африн.