Beyza Binnur Dönmez, Faruk Zorlu
25 Јуни 2021•Ажурирај: 26 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлуките усвоени на Самитот на лидерите на ЕУ, а кои се однесуваат на Турција, далеку од тоа дека ги содржат очекуваните и неопходни чекори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турското ресорно министерство во пишана реакција на одлуките донесени на вчерашниот Самит на лидерите на земјите членки на ЕУ во Брисел истакна дека Турција има исполнето повеќе од она што требаше во однос на својата одговорност за намалување на тензиите и иницирање дијалог и соработка.
Иако ЕУ призна дека тензиите се намалени, таа ги одложува конкретните одлуки за спроведување на позитивната агенда, вклучително и ажурирањето на Царинската унија (1995 година).
Турција гледа на одложувањето на имплементацијата на агендата од страна на ЕУ како „тактичко одолговлекување, недостаток на волја и злоупотреба на членството на една или две земји-членки на ЕУ“, додава Министерството.
„Предложениот нов пакет за финансиска помош е насочен кон сириските бегалци, не кон Турција, и во суштина е чекор за осигурување на мирот и безбедноста на ЕУ“, се вели во соопштението. „Голема грешка е да се сведе миграциската соработка само на финансиска димензија.“
Од Министерството се соопштува дека целта за тесна соработка би била од корист за сите.
Од Министерството за надворешни работи на Турција исто така наведоа и дека одлуките од Самитот на лидерите на ЕУ во врска со Кипар се само повторување на грчките ставови и дека ЕУ и понатаму ги занемарува Турците и нивните права.
„Со овој став, ЕУ уште еднаш ги игнорира кипарските Турци и ги игнорира нивните еднакви права“, се вели во него.