Fatjon Cuka
30 Мај 2016•Ажурирај: 31 Мај 2016
ТИРАНА (АА) - Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО денес ја заврши својата тридневната работа во Тирана. По завршувањето на пленарната сесија на која одржаа говори премиерот на Албанија, Еди Рама, неговиот црногорски колега, Мило Ѓукановиќ и претседателот на парламентот на Албанија, Илир Мета, се усвои декларацијата „Унифицирана агенда на НАТО за Самитот во Варшава”, јавува Anadolu Agency (AA).
Во оваа декларацијата се бара од НАТО да ја зајакне колективната одбрана и да развие сеопфатна стратегија за промовирање на стабилноста на Блискиот Исток и Северна Африка.
Исто така, во декларацијата, која беше усвоена едногласно се бара унапредување на соработката со Европската унија. Во декларацијата се истакнува важноста од поддршка на меѓународните напори на коалицијата за борба против ДАЕШ.
Во текот на овој собир, имаше дискусии на неколку панели каде присутните не говореа само за албанската политика, туку тема беа и другите земји-членки на НАТО и партнер-земјите од Алијансата.
Во меѓувреме, за време на седницата имаше и дебати, особено меѓу претставниците на Азербејџан и Ерменија во врска со конфликтот во Нагорно-Карабах.
На пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО се собраа во Тирана над 250 делегати од земјите-членки, но и од земјите-партнери, и разговараа за голем број прашања како што се градење на капацитетите и Атланската соработка против тероризмот, предизвиците за интегрирање на Западен Балкан, кризата во Украина, Русија, итн.
Ова е прв пат оваа седница да се одржи во Албанија, седум години по членството на земјата во НАТО.