Kristina Maslareviç
30 Мај 2016•Ажурирај: 31 Мај 2016
БЕЛГРАД (AA) – По донесувањето на политичката одлука да се затвори „балканската рута“ за бегалците, нивната положба уште повеќе е влошена, бидејќи сега се помалку видливи и подостапни на шверцеите, а особено на ралнивите групи меѓу бегалците се жените и децата, беше кажано на денешната трибина „Положбата на жените и децата во бегалската криза", јавува Anadolu Agency.
Според наводите на учесниците на трибината, претставничката на ОН, УНХЦР и цивилниот сектор, проблемите со кои се соочуваат бегалците а кои највеќе влијаат на жените и децата, настанаа како последица на недоволната културна чувствителност и јазичните бариери, односно недостаток на преведувачи, како и дека во последно време се повеќе жени и деца патуваат без придужба на мажи или придружба на родители.
„Зворуваме за групи кои имаат посебни потреби, а не само дека станува збор за чувствителни групи. Не станува збор само за тоа што некој е изложен на безбедносен ризик, туку постојат и други фактори, кои ги прават чувствителни. Ние не можеме подобро од нив да знаеме кои се нивните потреби и планови", рече Франческа Бонели од УНХЦР.
Таа додаде дека жените се под голем притисок, како и дека имаше многу ситуации кога некои од нив биле пред породување морале да го продолжат патувањето без оглед на тоа што тоа би можело да доведе до последници по здравјето на тие жени и нивните новороденчиња.
Барбара Чиаренза од Оксфам наведе дека сега највеќе се поставува прашањето на легалноста на луѓето кои ги поминуваат границите и луѓето кои ги следат, како и дека опасноста на бегалците не доаѓа само од шверцерите, туку и од полицајците на границите кои применуваат сила за да ги потиснат бегалците назад во местата од каде што доаѓаат.
„На границата со Унгарија ситуацијата е драматична. Луѓето се сместуваат во простори без услови за преживување, таму нема корпи за отпадоци, нема течна вода, им се делат ланч пакети кои не одговараат на детската исхрана, бидејќи содржат претежно бисквити и двопеци од разни видови", рече Чиаренза.
Таа зборуваше и за уште еден проблем со кој се соочуваат жените и децата а тоа е насилството. Објасни дека во нивната ситуација, во камповите, поради неусловите почнува да расте злоупотребата на алкохол и дрогра, каде доаѓа до пораст на насилството.
„Тешко е да се идентификува насилството. Жените не зборуваат за насилството кое го претрпеле, некои пред се поради тоа што сакаат да ја остварат својата цел, да стасаат до земјата кон која тргнале или повторно да бидат заедно со семејстото, и не сакаат да останат заглавени во некоја земја. Но во повеќе случаи кога мораат да останат во кампот по неколку дена, тогаш зборуваат за тоа низ што поминуваат", наведе Чиаренза.
Јелена Беседиќ од организацијата "Save the children" истакна дека „просторите кои с се обезбедувани за заштита на жените не се соодветни, не пружаат заштита, а во земјите кои бегалците ги напуштаат, жените во голема мерка се спречени да ги користат и оние услуги кои би можеле да им бидат на располагање".
„Проблемот на раслојување се зголеми. Ние гледаме и групи на деца кои одат заедно и ги прати шверцер. Според нашите ограничени податоци, овие денови во азилите има околу 10-20 деца неделно, без придружба и многу е тешко да се идентификуваат, бидејќи не се појавуваат", заклучи Беседиќ.