АНКАРА (АА) - Во заедничката декларација потпишана од страна на лидерите на Турција, Русија и Иран, на Самитот за Сирија во Сочи, се наведува дека е потврдена нивната решителност за спротивставувањето за создавањето нови факти на теренот под маската на борбата против тероризмот во Сирија, како и решителноста за спротивставување на сепаратистичките агенди, чија цел е ослабнување на сувереноста и територијалниот интегритет на оваа земја, и на националната безбедност на соседните земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, рускиот претседател, Владимир Путин, како и претседателот на Иран, Хасан Рохани, потпишаа заедничка декларација на 4. Самит за Сирија кој се одржа во Сочи.
Во декларацијата се вели дека лидерите разговарале за актуелната состојба на терен во Сирија, како и за настаните кои се случија по последниот самит одржан на 7 септември, 2018 година во Техеран.
Тројцата лидери ја изразија нивната решителност за сувереноста, независноста, единството и територијалниот интегритет, како и за зајакнување на трилатералната координација. Тие подвлекоа дека никој не треба да ги загрозува овие принципи.
„Тие одбија секаков обид за создавање нови факти на терен под маска на борбата против тероризмот, и изразија решителност за да им се спротивставуваат на сепаратистичките агенди чија цел е ослабнување на сувереноста и територијалниот интегритет на Сирија, и на националната безбедност на соседните земји“, се нагласува во оваа декларација.
Во неа се додава дека во случај да се реализира одлуката за повлекување на силите на САД од Сирија, тоа ќе биде еден чекор напред кон зајакнување на стабилноста и безбедноста на земјата, во согласност со горенаведените принципи.
Тројцата лидери одбија секаква иницијатива за зголемување на контролата на Хајат Тахрир ал Шам врз зоната без судири во Идлиб.
Тие се согласија и да се направат конкретни чекори кон намалувањето на прекршувањата на примирјето во регионот, преку целосно реализирање на договорите во врска со овој регион.
Претседателите на трите земји ја потврдија нивната решителност за продолжување на меѓусебната соработка со цел целосно елиминирање на сите поединци, групи, иницијативи и структури поврзани со ДЕАШ, фронтот Ал Нусра и Ал Каида, кои се сметаат за терористички организации од страна на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), како и со другите терористички организации.
„(Лидерите) Разговараа за состојбата во североисточниот дел на Сирија. Тие ја почитуваат сувереноста на територијалниот интегритет на оваа земја. Лидерите се согласија да вршат координација во активностите за осигурување на безбедноста и стабилноста на регионот, во согласност со постоечките договори“, се додава во оваа декларација.
- Политичко решение и Уставен комитет
Лидерите повторија дека се согласни оти воениот конфликт нема да ја реши кризата, туку дека до политичко решение може да се дојде само под сириско раководство, потпомогнато од ОН, во согласнот со резолуцијата 2254 на Советот за безнедност при Обединетите нации.
Лидерите на трите земји-гаранти, ја потврдија својата решителност за забрзување на формирањето Устаен комитет, во рамките на напорите за изнаоѓање на политичко решение за кризата.
Во тие рамки, лидерите ја истакнаа важноста од одржување на интерактивноста и координацијата со Геир Педерсен, специјалниот пратеник за Сирија на Генералниот секретар на ОН.
Во рамките на напорите на работната група, која е формирана за ослободување на притворените лица, лидерите го изразија своето задоволство од нивното идно заемно ослободување, истакнувајќи дека тоа е важен придонес на форматот од Астана во решавањето на проблемот.
- Зајакнување на хуманитарната инфраструктура
Осврнувајќи се на потребата за воспоствување на хуманитарна инфраструктура во Сирија, и реконструкција на мрежата за снабдување со вода и електрична енергија, училишта и болници, лидерите упатија повик до меѓународната задница за зголемување на помошта за Сирија, првенствено до ОН и хуманитарните организации.
Тројцата лидери подвлекоа дека е неопходно воспоставување услови за безбедно и доброволно враќање на бегалците и внатрешно раселените лица во Сирија, додавајќи дека Високиот комесар на ОН за бегалци (УНХЦР) треба да биде подготвен да комуницира со сите вклучени страни.
Лидерите се согласија следниот, 12. меѓународен состанок во Астана на тема Сирија да се одржи во април.
Одлучено е следниот трилатерален самит да се одржи во Турција.
Во заедничката декларација се истакнува дека лидерите на Турција, Русија и Иран разговарале за меѓусебната соработка на повеќе полиња и донеле одлука за зацврстување на заедничка економска и трговска соработка.
Лидерите го осудија терористичкиот напад извршен во иранската покраина Систан и Белуџистан, а Ердоган и Путин му изразија сочувство на иранскиот народ.