Mazin Majeed Asaad Baqal,Arif Yusuf
14 Февруари 2019•Ажурирај: 15 Февруари 2019
БАГДАД (АА) - Најмалку 8 лица загинаа, а 6 беа ранети во бомбардирањето на милициските сили на шиитскиот лидер Муктеда ес-Садр, во градот Самара, во централниот дел на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Нуман ал Кубури, член на ирачката полициска служба, за дописникот на АА изјави дека во градот Самара, северно од Багдад, експлодирало возило полно со експлозив за време на патролата на паравоената единица Сераја ес-Селам на Садр.
Според Кубури, во нападот 8 лица ги загубија животите, а 6 беа повредени, сите членови на Сераја ес-Селам.
Кубури, истакнувајќи дека повредените лица се во тешка состојба, тврдеше дека зад нападот може да стои ДЕАШ.
Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.
ДЕАШ одвреме-навреме ги напаѓа безбедносните сили, главно во провинциите Керкук, Мусул, Салахадин и Дијала.