Rıyaz Khalıq
15 Февруари 2019•Ажурирај: 15 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјави дека на престојниот состанок на самитот во Виетнам можно е Вашингтон и Пјонгјанг да дискутираат за ставање крај на Корејската војна, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот претседател, Доналд Трамп, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, кон крајот на овој месец по втор пат ќе се состанат во виетнамскиот главен град, Ханој, каде што ќе разговараат за денуклеаризацијата и укинувањето на санкциите на Пјонгјанг.
„Тоа е нешто за кое имавме многу разговори“, изјави Помпео во интервју за „Фокс њус“ (Fox News) во Варшава, Полска.
„Всушност, мојот тим ќе се демобилизира тука во Азија на ден или два за да продолжат со разговорите околу сите елементи кои беа дискутирани претходно во Сингапур. Паметите, ние не дискутиравме само за денуклеаризацијата, туку исто така разговаравме и за создавање безбедносни механизми, мировни механизми за Корејскиот Полуостров. Се надевам дека двајцата лидери ќе имаат можност да разговараат за тоа исто така. Целосно очекувам дека тоа ќе се случи“, изјави тој.
Помпео одби да даде временска рамка за денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров.
„Еден од основните принципи на доктрината на Трамп е тоа што ние не им кажуваме на нашите противници што ќе правиме. И така имавме многу разговори за тоа како се надеваме дека ова ќе продолжи, но едноставно немам ништо што можам да кажам за крајниот рок како што вие претпоставувате“, рече тој.
Помпео заедно со американските сојузници е домаќин на Конференцијата за мир и безбедност на Блискиот Исток во полскиот главен град.