Muhammed Ali Toruntay
05 Декември 2016•Ажурирај: 06 Декември 2016
АНКАРА (АА) – Anadolu Agency (AA) ги претстави фотографиите кои ја одбележаа 2016 година. На крајот од гласањето, од најзначајните фотографии на фоторепортерите и дописниците на АА, кои ја одбележаа турската и светската агенда, ќе биде избрана „Фотографијата на годината“ во 3 категории.
AA за првпат во 2012 г. избираше „Фотографија на годината“. На овогодишниот избор се гласа за одбраните 45 ексклузивни фотографии, од над 700.000 фотографии изработени на различни географски подрачја. Покрај Турција, има фотографии од Сирија, Грција, БиХ, Еквадор, САД, Бразил, Шпанија, Русија, Индонезија и од Палестина. Овие одбрани 45 фотографии од категориите вести, живот и спорт, се дадени на гласање со поднаслов напишан на турски и на англиски јазик.
Во традиционалниот избор на „Фотографија на годината“, со свој глас учествуваат претседателот Реџеп Таип Ердоган, премиерот Бинали Јилдирим, министри, бирократи, спортисти и голем број уметници. Застапени се 19 фотографии од категоријата вести, 15 од категоријата живот и 11 фотографии од категоријата спорт.
Фотографиите, кои на крајот од секој месец ги одбираат уредниците на АА во рамките на „Фотографија на месецот“, исто така учествуваат на овој избор за „Фотографија на годината“. Фотографиите опфаќаат теми од судири, природни катастрофи, политика, спорт или други теми кои се дел од интересот на издавачките куќи на значајни светски медиуми.
Гласањето за „Фотографија на годината“ ќе трае до 31. декември, на интернет-страницата на АА www.aa.com.tr. Минатата година во гласањето учествуваа115.000 лица.