Barış Seçkin
22 Август 2017•Ажурирај: 22 Август 2017
РИМ (АА) - Во западниот дел на Италија, се случи земјотрес со епицентар во близина на островот Искја. Првенствено беше информирано дека земјотресот бил со интензитет од 3,6 степени според Рихтеровата скала, а подоцна информацијата беше ревидирана и објавено е дека земјотресот бил со интензитет од 4 степени, јавува Anadolu Agency (AA).
Националниот Институт за геофизика и земјотреси (INGV) информираше дека земјотресот се случил на длабочина од 5 километри во близина на населбата Касамичола, која е најпогодена од земјотресот на островот.
Дирекцијата за цивилна заштита, која ја води акцијата за потрага и спасување, соопшти дека во земјотресот загинало едно лице. Станува збор за жена која останала под урнатините на црква во островската населба Касамичола.
Екипите на цивилната заштита непрекинато трагаат по 3 деца кои се водат како исчезнати.
Според веста објавена на каналот „Rainews24“ (Раињуз24), во земјотресот се повредени 25 лица, од кои две сериозно.
Туристите сакаат колку што е можно поскоро да го напуштат местото на несреќата.
Во меѓувреме, од Наполи, кое е најблиско населено место до островот Искја, испратени се полициски, противпожарни и медицински екипи. Дополнителни екипи за пребарување и спасување се испратени и од градовите Кампанија, Лацио, Тоскана, Апулија и Калабрија.
По земјотресот, прекината е електричната енергија во центарот на островот и на пристаништето.
Објавено е дека голем број од туристите кои поради летниот период и времето на одморите се наоѓаат на Искја, по земјотресот сакаат колку што е можно поскоро да го напуштат островот.
Од друга страна, во објавените вести се вели дека премиерот на Италија, Паоло Џентилони, преку екипите за цивилна заштита одблиску ги следи случувањата во подрачјето зафатено од земјотресот.
Вчера, во 20.57 часот по локално време, туристичкиот остров Искја, кој се наоѓа западно од италијанскиот град Наполи, беше погоден од земјотрес со интензитет од 4 степени. Според првичните информации, во земјотресот животот го загуби едно лице.
На 24. август минатата година, во Италија се случи земјотрес со интензитет од 6 степени, со епицентар во местото Акумоли. Во земјотресот животот го загубија 300 лица, воглавно во градот Аматриче и во неговата околина.