Adem Şalvarcıoğlu
25 Август 2018•Ажурирај: 26 Август 2018
АНКАРА (АА) - Во земјотресите што го погодија индонезискиот остров Ломбок досега загинаа 563 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Хари Хикмет од индонезиското Министерство за социјални работи и безбедност соопшти дека досега 563 лица смртно настрадале во земјотресите што го погодија островот Ломбок, кој се наоѓа во источниот дел на земјата.
Се вели дека како резултат на земјотресите, над 7.000 лица се повредени, околу 75.000 куќи се оштетени, додека 431.436 лица биле принудени да ги напуштат своите домови.
Ломбок во рок од 20 дена беше погоден од над илјада последователни земјотреси.
Операциите за пребарување и спасување сè уште се во тек, а постои загриженост од зголемување на бројот на жртви.