Ruslan Rehimov
25 Август 2018•Ажурирај: 26 Август 2018
МОСКВА (AA) - Рускиот опозициски лидер и основач на Фондот за борба против корупцијата, Алексеј Навални, е уапсен во Москва, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорничката на Навални, Кира Јармиш, на социјалните мрежи напиша дека Навални е лишен од слобода пред куќата во руската престолнина.
Рускиот опозициски лидер ги повика граѓаните да излезат на улиците на 9 септември и на тој начин да го искажат незадоволството поради владиниот план за подигнување на старосната граница за пензионирање.
Навални е уапсен и во јануари откако се приклучи на протестен собир во Москва. Тогаш повика на бојкот на претседателските избори одржани на 18 март.