Besar Ademi
07 Март 2016•Ажурирај: 08 Март 2016
ИДОМЕНИ (AA) – Во прифатниот центар за бегалци во Идомени, поради долгото чекање и престојување во тешки услови за да ја преминат границата, врнежите од дожд ја отежнуваат состојбата во која тие се наоѓаат, заради што стотици бегалците почнаа да протестираат држејжи го германското знаме во рака, барајќи помош од Ангела Меркел и Германија, јавува Anadolu Agency (AA).
Групата демонстранти, која се состои од бегалците од Сирија и Ирак ,кои бараат да се отворат границите, за да можат да го продолжат своето патување, бидејќи тие веќе не можат да престојуваат во овој прифатен центар за бегалци, затоа што велат дека условите се полоши дури и од земјите од кои доаѓаат.
"Бараме отворање на границите, тука сме веќе со недели. Ако не се отворат границите не знаеме што ќе правиме. Некои од нив сакаат да се вратат во Сирија, бидејќи тие сметаат дека ситуацијата во Сирија е подобра отколку во Идомени ", изјави еден од демонстрантите.
Во бегалскиот прифатен центар во Идомени се наоѓаат околу 13 илјади бегалци, од кои 4.500 се деца. Покрај тоа што бегалците чекаат за храна и медицински третман и хигиена, малите шатори во кои тие престојуваат за време на врнежите од дожд се полат со вода, што претставува дополнителен проблем кој ја влошува и онака тешката состојба во која се наоѓаат.