Eshat Fırat
21 Јули 2017•Ажурирај: 21 Јули 2017
ЕУРСАЛИМ (AA) - Израелската полиција интервенираше денеска по џума намаз (петочна молитва на муслиманите) во улициците кои водат до џамијата Ал Акса во Ерусалим. Повредени се десетици лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Улиците во околина на џамијата Ал Акса и различни делови на Ерусалим во едем момент се претворија во "воено подрачје".
Израелската полиција користеше гумени куршуми, звучни бомби и солзавец.
Палестинците на ваквата интервенција возвратија со камења и палење на комуналните возила.
Во градот сеуште се слушаат звуци на амбулантни возила и судири. Палестинската Црвена Полумесечина потврди дека се повредени десетици лица.
Од кабинетот за односи со јавноста на израелската полиција соопштија дека силите интервенираа на подрачјето на Селахадин и Рес-ел-АМуд поради фрлање камења.
Над Ерусалим летаат и полициски хеликоптери.