Ekipa
01 Ноември 2018•Ажурирај: 02 Ноември 2018
ЏАКАРТА (АА) - Црната кутија и аудиоснимката од пилотската кабина на индонезискот авион „Lion Air“, е пронајдена денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Летот на „Lion Air“ (JT 610), патуваше на линијата Џакарта - Пангкал Пинганг кога во понеделникот се урна во водите на Јаванското Море. Се претпоставува дека загинати се сите патници.
„Потврдено е. Ја најдовме црната кутија“, изјави за АА, Мухамед Заенал, шеф на Поморската информативна служба.
Индонезиските нуркачи го пронајдоа уредот на длабочина од околу 30 метри во водите недалеку од Танџунг Караванг, Западна Јава, на четвртиот ден од потрагата.
Според индонезискиот нуркач кој го пронајде уредот, Серту Хендра, црната кутија била пронајдена на одредена оддалеченост од трупот на авионот.
„Ги следевме сигналите и ја стеснувавме областа за пребарување. Ја пронајдовме точната локација од каде што се слушаше звукот и ја пронајдовме црната кутија“, рече Хендра.
Уредот е земен од бродот „Баруна Јаја I“, на Националната агенција за пребарување и спасување (Basarnas).
Авионот од типот боинг 737-Макс 8 полетал на релација Џакарта - Панкал Пинанг во 06:10 по локално време, но изгубил контакт со контролорите на летање 13 минути по полетувањето.
Во авионот се наоѓале вкупно 189 лица, 181 патник и 8 члена на екипажот.