Ekipa
01 Мај 2018•Ажурирај: 02 Мај 2018
ТЕХЕРАН (АА) - Шефот на иранската дипломатија, Џавад Зариф, ги отфрли тврдењата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за иранскиот развој на нуклеарно оружје и ги оцени за неосновани, пренесува Anadolu Agency (AA).
- Нетанјаху: Иран настојува да развие нуклеарно оружје -
- Трамп: Отворена е вратата за нов договор со Иран -
- Могерини: ИАЕА е надлежната институција за контрола на одговорностите на Иран -
Нетанјаху вчера изјави дека израелската разузнавачка служба поседува 55.000 страници ирански документи кои биле доказ дека иранските власти го лажеле светот за откажувањето од развојот на нуклеарната програма, по потпишувањето на Меѓународниот договор во 2015 година. Набргу потоа се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп кој истакна дека израелските тврдења ја оправдуваат неговата загриженост и критиките во однос на договорот со Иран.
Шефот на иранската дипломатија, Зариф, ги отфрли израелските обвинувања и рече дека Трамп користи стари обвиненија за да го поништи Меѓународниот договор.
Тој додаде дека со тие обвиненија веќе се занимавала Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA).
„Координиран тајминг на наводни разузнавачки откритија од оној кој крева лажен аларм на само неколку дена пред 12 мај. Но, брзоплетоста на Трамп да прослави го откри вистинскиот мотив“, напиша Зариф на социјалната мрежа Твитер, укажувајќи на датумот кога Трамп најави дека ќе ја соопшти конечната одлука на САД за договорот со Иран.