Ekipa
01 Мај 2018•Ажурирај: 02 Мај 2018
ИДЛИБ (АА) - Евакуацискиот конвој од сирискиот камп „Јермук“ со вкупно 150 лица, меѓу кои 16 деца и 17 жени, пристигна во Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Во согласност со договорот кој е постигнат меѓу антирежимската група Тахрир ал-Шам и сирискиот режим, конвојот од четири автобуси кои го напуштија кампот, пристигнаа во Идлиб.
Кампот „Јермукќ, оддалечен осум километри од Дамаск, се простира на 16 квадратни километри и во него живеат претежно палестински бегалци.
Делот од осум квадратни километри ги контролира ДЕАШ, а делот од седум квадратни километри Слободната сириска војска (ССВ). Преостанатиот дел од северниот дел на кампот, сместен меѓу подрачјето под контрола на ДЕАШ и режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, го контролира групата Тахрир ал-Шам.
Првиот евакуациски конвој го напушти и подрачјето на населените места Фуе и Кеферије. Репортерите на АА јавуваат дека во конвојот се наоѓаат 59 лица.
На подрачјето на Фуе и Кеферије во северниот дел на Идлиб, кој е под контрола на опозициските групи и антирежимската група Тахрир ал-Шам, живеат околу 8.000 лица.