Haydar Hadi
12 Септември 2017•Ажурирај: 12 Септември 2017
БАГДАД (АА) - Парламентот на Ирак со едно гласање го одби барањето за „референдумот за независност“ на Регионалната курдска управа на северниот дел од Ирак, кој требаше да се одржи на 25 септември, јавува Anadolu Agency (AA).
„Парламентот со мнозинство гласови го одби референдумот на Курдистан во Ирак“, истакна во изјава за АА, Али Сафи, еден од пратениците на Националната коалиција на шиитите.
Сафи нагласи дека курдските пратеници кои биле против оваа одлука, го напуштиле Парламентот.
Според соопштеното, во Собранието со 328 пратенички места, на седницата учествувале 168 пратеници.
Претседателот на Регионалната курдска управа на северниот дел од Ирак, Месут Барзани, по средбата со политичките партии одржана на 7 јуни, соопшти дека на 25 септември 2017 година ќе се одржи референдум за независност, за што долго време се дискутира.
Од друга страна, ирачкиот премиер Хајдар ал Ибади, по објавувањето на референдумот истакна дека тоа е противуставно, и оти нема да се прифати резултатот од овој референдум.