Ekipa
13 Декември 2017•Ажурирај: 13 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во завршната декларација на вонредниот Самит на Организацијата за исламска соработка (OIC) кој се одржува во Истанбул, се очекува да се упати апел до меѓународната заедница за признавање на окупираниот Источен Кудс за главен град на Палестина, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од високи извори, предлогот на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, кој го повикува светот да го признае окупираниот Источен Кудс за главен град на Палестина, ќе биде вклучен во декларацијата на Организацијата за исламска соработка.
Исламските земји во оваа декларација ќе ги потврдат одлуките околу Источен Кудс и ќе бараат од меѓународната заедница позитивно да одговори на овој апел.