Halil Demir
12 Јуни 2018•Ажурирај: 12 Јуни 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во акциите за сузбивање на дрогата организирани од почетокот на годината во Истанбул, уапсени се 2.654 лица од 26.950 приведени. Меѓу уапсените се и 73 странци од 34 земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Одделите за борба против наркотици организираа 19.362 акции низ Градот на Босфорот.
За време на претресите запленети се пет тони и 748 килограми разни видови дрога и над 2,5 милиони таблети.