Mustafa Dermencioğlu
12 Јуни 2018•Ажурирај: 13 Јуни 2018
ДЕНИЗЛИ (АА) - За време на градежните работи во областа Памуккалe, во турската област Денизли, беа откриени човечки коски и монети за кои се претпоставува дека потекнуваат од византискиот период, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на работите долж патот Денизли - Анталија, беа пронајдени коски, за што беше информирана полицијата. Припадниците на безбедносните сили ја информираа администрацијата на музејот „Денизли“ за случајот, а научниот тим излезе на терен.
Беше утврдено дека станува збор за коски на три лица, а беа пронајдени и монети.
Вработените во музејот ќе направат анализа.