Hüseyin Bağış,Abidin Mutlu Bozdağ,Halil Demir
03 Март 2016•Ажурирај: 03 Март 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската полиција неутрализираше две женски лица кои утринава изведоа напад на полициска станица во истанбулската населба Бајрампаша, јавува Anadolu Agency (AA).
Имено, две жени утринава фрлија рачна бомба а потоа отворија и оган врз полициската станица во Ватан. Бомбата не експлодирала, а турската полиција возврати на нападот.
Полицијата веднаш по нападот тргна во потрага по напаѓачките и ги пронајде во зграда на улицата Гази, која полицијата ја опколи, а по упадот во зградата напаѓачките се неутрализирани.
Поддршка на полицајците при акцијата пружаше и хеликоптер.