Alptekin Soykan
14 Ноември 2016•Ажурирај: 15 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Силна експлозија одекна во населбата Малтепе, на азиската страна на Истанбул, а според првичните информации во експлозијата се повредени најмалку три лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Експлозијата се случила во четирикатница во населбата Maлтепе кога вработените на компанијата кои се занимаваат со електротехника отвориле пакет кој бил доставен на адреса на компанијата.
На местото на експлозијата пристигнаа голем број противпожарни, екипи на полицијата и брзата помош.
Со возилата на брзата помош префрлени се тројца ранети лица.
Во тек е истрага на местото на експлозијата која се врши од страна на надлежните турски органи.