İlker Girit
03 Март 2016•Ажурирај: 03 Март 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Гувернерот на Истанбул изјави дека двајца полицајци се повредени при вооружената престрелка и нападот со рачна бомба во градот рано утринава, јавува Anadolu Agency (AA).
Двете жени - напаѓачи се „неутрализирани” во акцијата што проследи, потврди гувернерот Васип Шахин.
Еден полицаец е повреден во првичниот напад во населбата Бајрампаша а додека вториот полицаец е повреден во потерата по напаѓачките.
Шахин рече дека нападот е изведен од две жени во 09:45 по локално време, додавајќи дека „терористите” потоа се убиени.
Двајцата повредени полицајци се во стабилна состојба, додаде гувернерот.
Напаѓачките по нападот се засолниле во една зграда. Двете жени пукаа кон полициско транспорно возило и фрлија гранати пред влезот на зградата на Управата на полицијата во таа населба, потоа полицијата одговори на нападот.
Безбедносните снимки покажаа како една од напаѓачките фрла рачна граната врз полициски автобус кој минувал по улицата но таа не експлодирала.
Двете напаѓачки се гледа како пукаат врз обезбедувањето на влезот од зградата.
По кратка престрелка, двете избегале од местото на настанот. Очевидци тврдеа дека еден од напаѓачите е ранет.
Полицијата покрена акција која беше поддржана од хеликоптери и од турските специјални сили.
Напаѓачите беа начекани во заседа во една зграда, по потерата.