Ekip
28 Октомври 2017•Ажурирај: 29 Октомври 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Сепаратистичкиот каталонски лидер, Карлес Пуџдемон ги повика Каталонците мирно да се спротистават на преземањето контрола од страна на Шпанија. Телевизиското обраќање изгледаше како да одбива да ја прифати својата промена која ја наложи шпанската централна власт, јавува Anadolu Agency (AA).
Пуџдемон во изјавата, која изгледаше како да е снимена претходно, изјави дека ќе продолжат да работат на изградбата на слободна земја. Шпанскиот ТВ канал La Sexta истовремено прикажа снимка во живо од Џирона, која го прикажува Пуџдемон како јаде ручек во бар во центарот на родниот град и како повремено жителите го прекинуваат за да се сликаат со него.
Настапот на Пуџдемон на каналот на јавниот регионален емитер TV3 прикажа дека зборува од подиум со официјалниот грб на каталонската регионална влада. Зад него беа знамињата на Каталонија и ЕУ, но не и на Шпанија.
Шпанија утринава со објавата во Службениот весник официјално презеде директна контрола над Каталонија, распуштајќи ја регионалната влада и парламентот, чии сепаратистички пратеници во петок прогласија независност.