Barış Seçkin
23 Декември 2016•Ажурирај: 23 Декември 2016
МИЛАНО (АА) - Италијанската новинска агенција АНСА, објави дека човекот кој е неутралзииран во размена на оган со полицијата утринава рано во Милано, е главниот осомничен за терористичкиот напад со камион на Божиќниот пазар во Берлин, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи најави дека денес по тој повод ќе се одржи прес конференција на која ќе бидат откриени повеќе детали.
Размената на оган се случила утринава во 03:00 часот во миланскиот кварт Сесто Сан Џован, за време на рутинска полициска контрола.
АНСА наведува дека осомничениот извадил пиштол од ранецот откако му било побарано да ги покаже документите за идентификација. Осомничениот е неутрализиран во размена на оган. Се додава дека во таа прилика е ранет еден полицаец.
Агенцијата вели дека од разлини извори од Милано и Рим дознале дека неутрализираното осомничено лице било Анис Амри, главниот осомничен за нападот со камион во понеделникот во Берлин во кој загинаа 12 лица.