Niğmet Koşarhan
06 Јуни 2016•Ажурирај: 07 Јуни 2016
БЕРЛИН (АА) - Потпаролот на претседателството на Турција, Ибрахим Калин во германскиот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung, напиша статија под наслов: „Одлуката за Ерменија - незаконска, погрешна и штетна“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Надоврзувајќи се на одлуката која на 2-ри јуни ја донесе германскиот праламент (Бундестаг), а е во врска со наводни настани од 1915 година во Турција, портпаролот Калин даде свое видување: „Германскиот парламент донесе одлука со која не само што ја повреди правдата, туку во исто време таа е погрешна и теснограда“.
Калин смета дека Германскиот парламент, со признавање на ерменските тврдења за настаните од 1915 година, се прави слеп на напорите на Претседателот на Турција Ердоган по пат на дијалог да се дојде до заедничко приближување на проблемот.
Тој истакна дека Претседателот Ердоган е првиот претседател на Турција кој јавно ја призна болката на османлиските ерменци и им изразил сочуство. Слични изјави претседателот на Турција дал и во 2015 и 2016 година, но помирувачките изјавата на Ердоган биле отфрлени од страна на Ерменија.
- „Неправедно Турција е земена за мета“
Потпаролот Калин во статијата напиша дека германскиот парламент кој под изговор за помирување на Турција и Ерменија, го игнорира безкомпромисниот став на Ереван, и неправедно ја зема Турција за мета.
Калин истакна дека Германија која ја награди Ерменската незаинтересираност за унапредување на нештата, во опасност го става и Кавказ, и истовремено ги загрозува германско-турските односи.
Значајна е улога која на германската политика, економија и култура и ја даваат милионите Турци, кои неправедно беа обвинети, посочи Калин и додаде: „Донесената одлука предизвика голема штета во односите меѓу турското општество и германската влада. Контроверзната одлука на Германскиот федерален парламент, уште еднаш, наместо корист од политизирања на историјата, донесе поголема штета.“
Калин вели дека охрабрува фактот што меѓународната заедница сака да помогне во планот за помирување на двете страни, својата статија ја заврши со зборовите:
„Потребно е Ерминија, без да губи време, да го прифати предлогот за учество во формирање на турска историска комисија и двете страни во процесот за ратификација на протоколот да се остави до постигнување на решение. Ереван има потреба од приближување на Ерменците до нивните семејства од османлиско време. Германија наместо со погрешни обвинувања, потребно е да изврши притисок врз Ерменија, таа да покаже залагање за изнаоѓање на решение на суспендираниот проблемот. Време за меѓусебни обвинувања немаме. Милиони луѓе се молат за траен мир.“