Muhammed Ali Toruntay
21 Декември 2017•Ажурирај: 21 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Портпаролот на кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, коментирајќи го усвојувањето на нацрт-резолуцијата за Кудс на Генералното собрание на ОН (ГС на ОН), истакна дека станува збор за историска одлука, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нека е среќна оваа историска одлука во името на Кудс, палестинското прашање, глобалната правда и совеста“, напиша Калин на социјалната мрежа Твитер.
Нацрт-резолуцијата, кој ја критикува одлуката на Трамп за Кудс, прифатена е на заседанието на Генералното собрание на ОН (ГС на ОН) со 128 гласови за, додека против беа 9 земји.
Против нацрт-резолуцијата за Кудс гласаа САД, Израел, Гватемала, Хондурас, Маршалските Острови, Микронезија, Науру, Того и Палау, додека 35 земји беа воздржани.
Со ова земјите-членки, и покрај заканите на САД, силно ја осудија одлуката на Трамп за Кудс.
Во споменатата резолуција се наведува дека е неважечка секоја одлука и акција која ќе го измени статусот, карактерот и демографскиот состав на Кудс.