Kemal Karadağ
15 Август 2018•Ажурирај: 16 Август 2018
АНКАРА (AA) - Катар денеска најави 15 милијарди долари директни инвестиции во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Имено, емирот на Катар, шеик Тамим бин Хамад ал-Тани во текот на состанокот со претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган истакна дека Катар многу бргу ќе ќе реализираат инвестициски пакет за Турција во вредност од 15 милијарди долари.
Во соопштението од Кабинетот на претседателот на Турција се наведува дека Ердоган и ал-Тани се состанаа во претседателската палата.
Во текот на средбата двајцата функционери разговараа за билатерални односи и регионални теми. Изразена е посветеност за понатамошниот развој на односите на Турција и Катар на сите полиња.
На состанокот присуствуваа и турскиот министер за финансии и трезор Берат Албајак и катарскиот министер за финансии Али Шариф ал-Емади.