Sayed Khodaberdi Sadat
15 Август 2018•Ажурирај: 16 Август 2018
КАБУЛ (АА) - Дваесет и пет лица го загубија животот во извршениот самоубиствен напад во еден образовен центар во авганистанскиот главен град Кабул, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на оваа земја, Наџиб Даниш, нагласи дека напаѓачот ја активирал бомбата што ја носел на влезот на образовниот центар „Махди Мевуд“, кој се наоѓа во подрачјето на Дашти Барчи во Кабул.
Од друга страна, портпаролот на Министерството за здравство на Авганистан, Вахид Меџрух, во изјава за АА истакна дека во нападот животот го загубија 25 лица, додека 35 лица се повредени.
Меџрух рече дека некои од повредените се наоѓаат во тешка состојба, и дека постои загриженост од зголемување на бројот на жртвите.
Како резултат на експлозијата, скршени се прозорците на некои куќи во околината.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.