Burak Karacaoğlu
05 Февруари 2018•Ажурирај: 06 Февруари 2018
ИДЛИБ/АНКАРА (АА) – Конвој на турската војска влезе во подрачјето на Идлиб, Сирија, со цел да постави нов контролен пункт за надгледување на почитувањето на примирјето во таа зона без судири, во согласност со договорот од Астана, јавува Anadolu Agency (AA).
Репортерот на АА јавува дека конвојот на турската војска утрово влегол од Турција во Идлиб и безбедно пристигнал во западниот дел на Алепо, кој исто така се наоѓа во рамките на зоната без судири.
Тоа ќе биде четвртиот контролен пункт кој ќе го постави турската војска во регионот на Идлиб.
Со посредство на Турција, Русија и Иран, на мировните разговори во Астана постигнат е договор за постаување на четири зони без судири. Една од тие зони е Идлиб, во кој земјите-гаранти треба да постават контролни пунктови за следење на импелентацијата на договорот.
Во регионот на Идлиб, турската војска би требало да постави вкупно 12 контролни пунктови за да го надгледува почитувањето на примирјето од страна на сириската опозиција.
Се очекува и руската војска да постави свои контролни пунктови надвор од Идлиб, со цел да ја надгледува имплементацијата на договорот и почитувањето на примирјето од страна на силите клојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.