Ali Kemal Akan
06 Април 2016•Ажурирај: 07 Април 2016
АНКАРА (АА) - Заменикот премиер на Република Турција, Нуман Куртулмуш, изјави дека терористичката организација ПКК прима најголема странска помош досега во историјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Како гостин на уредничкиот деск на Anadolu Agency, Куртулмуш истакна дека турските сили за безбедност продолжуваат со одлучната борба против тероризмот како најголема закана за мирот и стабилноста, како во Турција така и во целиот свет.
„Борбата против тероризмот не е само бора против илјадниците милитанти, туку воедно и трајна борба за Турција, со тоа се занимаваме на многу сериозен и темелен начин”, рече Куртулмуш.
Истакнувајќи дека терористите на ПКК добиваат најголема странска помош во изминатите четири децении од постоењето на организацијата, Куртулмуш рече дека посебно загрижувачки е фактот што одредени кругови во светот ПКК ја третираат како „следбеник на мирот”.
Потсети дека станува збор за организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и Европската унија.
„Нашата борба сигурно ќе заврши со победа над терористите, но да се даваат одредени процени до кога ќе трае таа борба во овој миг би било мамење на луѓето”, заклучи Куртулмуш.