Fatih Çakmak
05 Април 2016•Ажурирај: 05 Април 2016
АНКАРА (АА) – Турската полиција уапси најмаку 68 лица поврзани со случајот “паралелни структури”, односно со терористичката организација ФЕТО или движењето познато како Хизмет, на чело со Фетулах Гулен, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските безбедносни сили спроведоа серија на акции низ 22 града, кои опфаќаат седум истраги против “паралелните структури” а се однесуваат на финансиските неправилности.
Новинарот на АА дознава дека досега се уапсени 68 од вкупно 120 лица за кои е издаден налог за апсење.
Помеѓу уапсените се наоѓаат бројни стопанственици, просветни и академски работници, како и претседатели на невладини организации.
Истрагата против лицата поврзани со “паралелните структури” е покрената во градовите Анкара, Адијаман, Самсун, Килис, Анталија, Ѓумушане и Газиантеп.
Се дознава дека некои од осомничените опфатени во оваа истрага се во странство, како и дека еден дел по покренувањето на истрагaта побегналe од територијата на Турција.
Помеѓу осомничените се наоѓаат и одредени вработени во министерството, поранешни шефови на полицијата, одговорните за градските области во движењето Хизмет, вработените во турскиот јавен сервис ТРТ и директори на одредени компании.
Истрагата е покрената, меѓу другото, врз основа на извештајот на Одборот за финансиско-криминалистичка истрага на Турција (МАСАК), а се однесува на начините и дестинациите на испраќање на одредени средства кои во склоп на движењето Хизмет наводно се собрани за хуманитарни цели.