Zuhal Demirci,Tuğrul Çam
14 Август 2018•Ажурирај: 15 Август 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, истакна дека на крајот ќе се намали влијанието на доларот, и дека бројни земји ќе започнат да се откажуваат од доларот, додавајќи дека една од нивните цели во последните неколку години е вршење трговија со националните валути, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров, кој се наоѓа во Анкара, во рамките на 10. Конферениција на амбасадори, на прес-конференцијата со шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, нагласи дека односите меѓу Турција и Русија постојано се унапредуваат, и дека во последниот период постојат доста интензивни културни односи меѓу двете земји. Според него, наредната година ќе биде година на заемна култура и туризам.
Истакнувајќи дека Русија и Турција следат една независна надворешна политика, Лавров, во врска со санкциите на САД против Русија рече дека позитивно го ценат она што нивните партнери не се вклучиле во санкциите спроведувани против Русија.
Во врска со вестите дека Асадовиот режим во Сирија ќе изврши операција во Идлиб, Лавров истакна дека Зоната за намалување на тензии во Идлиб, како и другите зони, е формирана под одредени услови.
Прашан каков став ќе заземе неговата земја кон санкциите на САД против Русија, Турција и Иран, Лавров нагласи дека овие земји се учесници во процесот на Астана. „(Западот и САД) Сакаат да го спречат добивањето конкретни резултати во процесот на Астана. Сакаат да му наметнат на светот дека ова е еден немировен формат“, додаде тој.
Според Лавров, политиката на САД за спроведување санкции е нелегална.
„Една од нашите цели во последните неколку години е вршење трговија со националните валути“, рече Лавров.
„Ваквата злоупотреба на доларот на крајот ќе предизвика намалување на влијанието на доларот. Бројни земји ќе започнат да се откажуваат од доларот. На некој начин ќе се насочат кон побезбедни партнери“, додаде шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.