Ekip
14 Август 2018•Ажурирај: 14 Август 2018
МИЛАНО (AA) - Најмалку 22 лица загинаа, а осум се повредени во рушењето на мостот Моранди на автопатот во Џенова, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми наведуваат дека мостот, со висина од околу 100 метри, се урна во попладневите часови на северозападот на Италија.
Во рушењето на мостот се уништени голем број возила, а некои се‘ уште се наоѓаат под урнатините. Во тек се акции за барање и спасување на затрупаните лица.
Има и такви кои се хоспитализирани. Постои можност мостот да се урнал поради инфраструктурен проблем.
Италијанскиот министер за сообраќај, Данило Тонинели, на Твитер напиша дека со голема загриженост ги следи случувањата во Џенова и дека сево ова изгледа како голема трагедија.