Ecenur Çolak
14 Август 2018•Ажурирај: 15 Август 2018
РИМ (AA) - Најмалку 35 лица загинаа во рушење на мостот Моранди на автопатот A10 во Џенова, потврдено е од Министерството за внатрешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу загинатите лица кои се извлечени под урнатините беше и дете. Најмалку 13 лица се тешко повредени, додека 10 лица се водат како исчезнати.
Локалните медиуми наведоа дека мостот, со висина околу 100 метри, се сруши во попладневните саати на северозападот на Италија.
Во рушењето е уништен голем број возила, а со оглед дека некои се уште се наоѓаат под урнатините во тек е акција на потрага и спасување на лицата под урнатините, а некои се хоспитализирани.
Постои можност дека мостот се срушил поради инфраструктурен проблем, но постојат и мислења дека причината на рушење е силен ветер.
Италијанскиот министер за сообраќај Данило Тонинели на Твитер напиша дека со голема загриженост ги следи случувањата во Џенова и дека се изгледа како голема трагедија.
Премиерот на Италија Џузепе Конте изјави дека ќе ја посети Џенова каде се случи голема трагедија.
Се работи за вијадукт кој е познат под името мост Моранди, изграден во 1960 година. Италијанските медиуми пишуваат дека причина за рушење е слабата конструкција.
Вијадуктот е обновен во 2016 година и поминува над трговски центри, фабрики, стамбени згради, железницата Џенова-Милано и реката Полчевера.